ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истрагата против 5 членови на групата од Грчец е завршена

Обвинителство организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица од криминалната група од тетовското село Грчец. Според Обвинителниот акт, тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Advertisements

Обвинителство за организиран криминал:

„Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава “.

На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување и Убиство.

Обвинителство за организиран криминал:

„Од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“

Во јануари годинава беше отворена истрага против 15 лица кои се дел од меѓународната криминална група во случајот Грчец. Постапката за нивна екстрадиција од Арапските Емирати е започната за четири лица, за уште едно од Хрватска и едно од Шпанија.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button