Истражување – Батерија од радиоактивен отпад

Револуционерна нова студија покажува дека радиоактивниот отпад од нуклеарните централи може да се претвори во корисен извор на енергија. Американските научници покажаа како гама зрачењето од нуклеарниот отпад може да генерира електрична енергија за напојување на микроелектрониката.
Научниците од Државниот универзитет во Охајо во САД покажаа метод за искористување на оваа енергија за мали сензори, со потенцијал за идно проширување.
„Собираме нешто што се смета за отпад и се обидуваме да го претвориме во богатство“, вели Рејмонд Као, нуклеарен инженер на Државниот универзитет во Охајо и еден од авторите на студијата, објавена во списанието Optical Materials: X.
Во моментов, нуклеарната енергија обезбедува околу 10 проценти од глобалната енергија. Доколку научниците можат да го пренаменат радиоактивниот отпад, тоа би можело да ја зголеми одржливоста на производството на нуклеарна енергија како алтернатива за чиста енергија. Нуклеарните батерии, кои радиоактивното распаѓање го претвораат во електрична енергија, долго време се проучувани, но нивната практична примена останува ограничена.
Споменатото истражување користело процес на конверзија на енергија во две фази: кристалите на сцинтилаторот го трансформирале зрачењето во светлина, кое соларните ќелии потоа го претвораат во електрична енергија. Прототипот, со големина од 4 кубни сантиметри, беше тестиран со цезиум-137 и кобалт-60, генерирајќи 288 нановати и 1,5 микровати, соодветно.
Ова се револуционерни резултати во однос на излезната моќност. Овој процес во два чекора е сè уште во прелиминарните фази, но следниот чекор вклучува генерирање на повеќе вати со помош на структури за скалирање, вели Ибрахим Оксуз, воздушно-вселенски инженер на Државниот универзитет во Охајо.
Иако нуклеарните батерии се првенствено наменети за употреба во нуклеарни централи, понатамошните истражувања ги истражуваат подобрувањата во ефикасноста и нивната долгорочна одржливост.
Концептот на нуклеарна батерија е многу ветувачки. Има уште многу простор за подобрување, но верувам дека во иднина овој пристап ќе си одвои важен простор и во производството на енергија и во индустријата за сензори, вели Оксуз.
Извор: Science Alert