ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истражување на ИКС: Граѓаните имаат најмала доверба во Собранието и Обвинителството, еве во што имаат најголема доверба

Директорката на Институт за комуникациски студии, Жанета Трајкоска, осврнувајќи се на податоците од нивното истражување за транспарентност на институциите, за време на конференцијата рече дека Собранието, политичките партии и Јавното обвинителство имаат оценка од 2,5, 2,7 и 2.8 отсто, а судовите 2,4 отсто и тие имаат најниска доверба.

Advertisements

Како што додаде, претседателот на државата ужива малку поголема доверба од 3,5 отсто, полицијата 3,8 отсто, локалната власт 3,7 отсто, а институција со највисока доверба е Армијата.

Таа напомена дека медиумите имаат доверба од 3,5 отсто исто колку што и невладините организации. Ниска или умерена доверба имаат и меѓународните сојузи како Обединетите Нации и НАТО, односно 3,9 и 3,8 отсто, а ЕУ 3,5 отсто. Верските заедници имаат исто така умерена доверба од 4.4.

-Ако ги видиме резултатите на довербата кон информациите кои граѓаните ги добиваат, исто така перцепциите на граѓаните не се позитивни. Огромно мнозинство граѓани е скептично кон се што се објавува. Повеќе од половината воопшто не веруваат на која било објавена информација. 30 отсто претпоставуваат дека е веродостојна, а само 14 отсто за се што е објавено во медиумите сметаат дека е точно. Она што е позитивно во истражувањето е дека најголем дел од овие 14 отсто се млади од 18 до 24 години, рече Трајкоска.

Според Трајковска, разочарувачка е перцепцијата и за отчетноста на државните органи. Учесниците во истражувањето сметаат дека често има изговори на функционерите да се однесуваат несоодветно.

Како што рече, Собранието и Обвинителството добија ниски оценки. Само еден процент од анкетираните граѓани се согласуваат дека пратениците секогаш се грижат за граѓанските интереси и за граѓаните или дека обвиненијата на Јавното обвинителство добиваат разрешница. -Овие бројки на перцепција и на недоверба се една ладна шлаканица за сите нас, додаде Трајкоска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button