СВЕТ
Истражување: Околу 200.000 деца во Италија живееле во сиромаштија минатата година

Околу 200.000 деца на возраст под пет години во Италија живееле во сиромаштија минатата година што влијаело на нивната исхрана, што значи дека нивните семејства не можеле да им обезбедат барем еден оброк што содржи протеини секој втор ден, според извештајот „Атлас на детството“ за 2023 година “, објавена од организацијата „Спасете ги децата“.
Оваа ранлива група сочинува 8,5 отсто од детската популација во Италија, а повеќе од половина од децата во оваа ситуација живеат во јужна Италија и на островите, објави АНСА.
Исто така, речиси секое десетто дете од иста возрасна група, поточно 9,7 отсто, во зима живее во домови со слабо греење.