ВЕСТИЗДРАВСТВО

Истражување: Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ може да се бори со бразилската мутација

Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот е ефикасна против бразилската мутација на вирусот, покажало истражување на двете компании и Универзитетот во Тексас.

Advertisements

Научниците притоа тестирале примероци од крвта на луѓе со оваа варијанта на вирусот, која првпат е  откриена во Бразил.

Истражувањето, кое е објавено во „Nature“, може да ги смири стравувањата во врска со варијантата стручно позната како П.1, за која е откриено дека се шири побрзо од другите типови коронавирус откако првпат се појави во Јужна Америка.

Научниците од двете компании и Универзитетот во Тексас создале верзија на вирусот што ги има истите мутации на протеините како и варијантата П.1 и тестирани се оние лица што веќе ја примиле оваа вакцина.

Притоа, резултат бил дека антителата од крвта можат да го неутрализираат вирусот.

Други студии покажаа дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ е ефикасна и против варијантите на коронавирусот што првпат беа откриени во Велика Британија и Јужна Африка – иако јужноафриканската варијанта може да ги намали заштитните антитела стимулирани од вакцината.

Но од „Фајзер“ се уверени дека сегашниот состав е многу веројатно дека сепак обезбедува заштита од јужноафриканската варијанта и најави дека планира да тестира трета засилена доза од вакцината, и да создаде верзија на лекот специјално дизајниран за борба против оваа мутација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button