СПОРТФУДБАЛ

Италија и Серија А, co седум екипи во осминафиналето на евро сцената

Италијанските екипи се исклучително успешни во Европа оваа сезона, синоќа сите кои играа се пласираа во осминафинале. Во осминафинале од Лигата на шампионите веќе играат Наполи, Милан и Интер.  Од синоќа се познати и патниците за осминафинале во Лига Европа и Конференциската Лига.

Advertisements

Јувентус и Рома рутински си ја завршија работата, ги совладаа екипите на Нант и Салцбург и се пласираа во осминафиналето од Лига Европа. Во Конференциската лига, Лацио ја задржа предноста против Клуж, а Фиорентина ја совлада Брага. Наполи, Милан, Интер, Јувентус, Рома, Лацио и Фиорентина се уште се во Европа.

Италија последен пат толку екипи во осминафиналните натпревари во Европа имала во сезоната 1990/91, тогаш имала осум./Sport1/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button