СПОРТ
Италија ја брани титулата од Дејвис Купот во Болоња

Меѓународната Tениска Федерација (ИТФ) објави дека завршниот турнир на Дејвис Купот по три години се сели од Малага. Нов домаќин ќе биде освојувачот на двата последни трофеи, Италија.
„Аѕурите“ ја предложија Болоња за домаќин, а ИТФ прифати и овој град ќе биде организатор на следниот турнир во битката за трофејот во Дејвис купот.
Болоња ја доби довербата не само за следната, туку за три години да биде домаќин на Дејвис Купот. Освен тоа, се одржа и ждрепката за квалификациската битка на патот кон турнирот.
Оваа година италијанците ја освоија третата титула во историјата на ова натпреварување предводени од првиот светски рекет Јаник Синер.