
Италијанскaтa премиерка, Џорџа Мелони, денеска објави дека земјата ќе биде домаќин на состанокот на Групата седум (Г7) на кој тема ќе биде кризата на Блискиот Исток.
Мелони денеска му кажа на својот кабинет дека постои „длабока загриженост“ поради најновите случувања, вклучително и ракетниот напад на Иран врз Израел и растечката нестабилност во Либан, соопшти нејзиниот кабинет, пренесе Анса.
Состанокот на групата Г7 ќе се одржи, како што е најавено, попладнево преку видео врска.