
Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим.
Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека 93 проценти од студентите кои се на пракса во болнички одделенија користат мобилни телефони за време на нивната работа, а само 16 проценти потврдиле дека при тоа носат заштитни ракавици.
Истражувањето е спроведено во текот на две учебни години, 2018-2019 и 2019-2020 година и двата пати беше потврдено дека огромното мнозинство од испитаниците за време на нивниот престој во одделенијата со пациенти користат мобилни телефони, без да користат заштитни ракавици или да менуваат ракавици по користење на мобилни телефони.
Само три проценти од испитаниците потврдиле дека ги дезинфицираат своите мобилни телефони секој ден.