![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2023/02/Todd-Boehly-attends-the-English-Premier-League-soccer-match-between-Chelsea-and-Watford-780x470.jpg)
Менаџерот на Лестер, Енцо Мареска, стана главен кандидат за функцијата во Челси. Раководството на лондончани веднаш го започна процесот за наоѓање наследник на Маурисио Покетино, кој во вторникот и официјално се раздели со „сините“.
Според „Скај Спортс“, Енцо Мареска, Киеран Меккена (Ипсвич), Томас Франк (Брентфорд) и Себастијан Хенес (Штутгарт) се фаворити за оваа позиција, а изворот тврди дека во секој момент ќе започнат разговори со Италијанецот.
Мареска добил понуда од Севилја пред неколку недели, но ја одбил бидејќи сака да остане во Англија и да раководи со тим од Премиер – лигата. Отштетната клаузула во неговиот договор со Лестер е околу 8 милиони фунти.
Мареска беше асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити пред да го преземе самостојно Лестер, со кого ја освои шампионската титула во Чемпионшип во првата сезона.