КОШАРКАСПОРТ

Итан Хап, му се стави на располагање на селекторот Јончевски

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за стартот на квалификациите за Европското Првенство. Селекторот Александар Јончевски в понеделник го свика првиот собир, а кошаркарите го одржаа првиот тренинг во СРЦ „Кале“. Утрово, репрезентативците го имаа и вториот тренинг на скопско тло. На овој собир од комбинација за настап изостана Ти-Џеј Шортс. Селекторот ја објасни ситуацијата бидејќи единственото место за натурализиран кошаркар го додели на Итан Хап.

Advertisements

„Дефицитарни сме на високите позиции, без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес бевме принудени да се одлучиме за Хап кој и претходно доби државјанство. Тоа е повеќе стратешка околку изнудена одлука“, објасни селекторот.

Американецот веќе е со соиграчите, се приклучи на тренинзите и ќе биде подготвен за мечот в петок. Засега не тренира само капитенот Војдан Стојановски. Тој е на одредени терапии од лекарскиот тим, меѓутоа постои оптимизам дека можеби ќе заигра против Естонците. По дуелот со Естонија в петок, Македонија патува на гостување во Полска./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button