СВЕТ
Итна средба на министрите за надворешни работи на ЕУ поради ескалацијата на ситуацијата во Либан

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, повика вечерва да се одржи итен неформален состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија за одговорот на ЕУ на последната ескалација на ситуацијата во Либан, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
„Во светло на влошената ситуација, високиот претставник свика вонреден состанок на министрите за заеднички работи преку видео-конференција за вечерва, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Либан“, рече Стано, пренесува РИА Новости.
Ситуацијата во Либан ескалира по атентатот на лидерот на либанското движење Хезболах, Хасан Насрала, во израелски воздушен напад.