ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Итно се потребни вработувања во брзата помош

Итно се потребни вработувања во брзата помош

Ургентниот центар, кој прв одговора на повиците на граѓаните за нивните здравствени проблеми, се соочува со значителен недостиг од медицински персонал. Во моментов, итната помош во Скопје работи со пет тима, додека има потреба од уште најмалку 30 екипи. Само оваа недела имало околу 400 интервенции.

„Ни требаат тимови, екипата на Брзата помош се состои од лекар, медицински сестри и возач. Односно, потребни се вкупно 30 екипи, јас велам 30 минимум, значи 90 вработувања, за да имаме минимум дневно по 10 екипи. Сметам дека ако имаме 10 екипи за град Скопје, со оглед на тоа што нашиот град е пренаселен , треба да имаме повеќе екипи за да одговориме на сите повици”, рече Рихад Реџепи, лекар од итната медицинска помош.

Недостигот од медицински персонал ја принудува Брзата помош да избира повици, а вработените мораат да работат дополнителни смени.

„Екипите се преоптоварени и исцрпени, работат континуирано со еден или без слободен ден, покрај редовните смени што ги имаат, имаат и дополнителни три до четири смени. Ова влијае на физичкото и менталното здравје, па затоа е нормално медицинскиот персонал да зема боледување„, рече Рихад Реџепи, лекар од итната медицинска помош.

Друг проблем со кој се соочуваат вработените во Итната медицинска помош е приемот на пациенти во болниците,односно тие се блокирани со часови на клиниката, кога испраќаат пациенти во болница. Од Ургентниот центар велат дека немаат услови за работа и дека се запоставени.Тие апелираат на разбирање од граѓаните и го повикуваат Министерството за здравство да даде приоритет на овој сектор при најавените здравствени вработувања./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button