ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ицидентот на 1 август со косовската претседателка не бил прв ваков случај

Ицидентот на 1 август со косовската претседателка не бил прв ваков случај

Двата претходни инциденти со претседателката на Косово, Вјоса Османи на скопскиот аеродром се поради истите причини, одбивање д асе провери багажот на скенер. Во полицискиот записник до кој дојде Алсат се објаснува дека косовската страна во септември минатата година одбила да и се провери багажот на претседателката на Косово. Причините за ова одбивање се базираа на дипломатскиот имунитет на претседателот.

„Откако пристигнаа во ВИП секторот помеѓу лицето кое е одговорно за протоколот на делегацијата и аеродромската безбедносна служба, дојде до недоразбирање бидејќи истата повикувајќи се на дипломатски имунитет на претседател не се согласила личниот багаж на претседателката на Косово да се провери во скенерот“, се вели во записникот од 16.09.2023.

Иста ситуација како таа од 1 август се повторила и на 9 октомври. Косовската страна тврдеше дека благодарение на дипломатскиот имунитет, на претседателот не треба да ѝ се проверува багажот, но со тоа може да не се согласи одговорното лице за летот.
ВИЗРТ- Инцидент од 09.10.2023 година
„По пристигнувањето во ВИП секторот, лицето одговорно за безбедноста на делегацијата и водењето на протоколот (тој ден беше лицето Д.М. со број на идентитет 5785) му беше кажано (од страна на косовската делегација) дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да биде проверен на скенер. Причините за ова се засновани на дипломатскиот имунитет на претседателот. Од страна на капетанот на летот и претставникот на „Кроација ерлајнс“, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, беше нагласено дека додека не дозволува да се изврши контрола на багажот, истата нема да биде примена на летот“, стои во записникот од 09.10.2023.

Пред неколку дена полицијата најави расветлување на инцидентот од 1 август, додека против шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши поднесена е кривична пријава за нарушување на безбедноста и попречување на службеното лице. Премиерот на Косово, Албин Курти, при вчерашната посета на Скопје порача дека предметот ќего разгледаат истражните органи и не треба да се полемизира. Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски рече дека инцидентот нема да ги наруши односите меѓу двете земји, туку напротив ќе ги доближи уште повеќе. Денес, за нивните позиции, реагираа од кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, нагласувајќи дека „Претседателот на Република Косово никогаш не побарал пречекорување или кршење на процедурите, туку почитување на меѓународните правила, како што тоа се прави низ целиот свет. Според кабинетот на Османи, за жалење е начинот на кој беше третиран инцидентот против Република Косово во Скопје за време на вчерашната прес-конференција, бидејќи според нив тоа придонело за уште поголема пропаганда против Република Косово./Алсат.мк
Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button