СПОРТФУДБАЛ

Иван Перишиќ, се раздели со Хајдук и ќе игра во Серија А

Хаосот со Иван Перишиќ во Хајдук заврши со разделба на хрватскиот репрезентативец од сплитскиот клуб. Неодамна тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо обелодени дека овој играч уште пред 20 дена побарал да си замине, по што хрватскиот репрезентативец го навлече бесот на навивачите.

Тој потпиша за Хајдук по тешка повреда на коленото, во сплитскиот клуб се рехабилитираше за да може да настапи на ЕВРО 2024, а сега го остави клубот на цедило.

Според последните информации, Перишиќ побарал заминување од Хајдук поради пристигната понуда од италијански Комо која не сакал да ја одбие.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button