ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ивановска: Антикорупциска го доби договорот со „Бехтел и Енка“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот кој го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д и веќе формирала тим од четворица советници за анализа на предметот.

Advertisements

„Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, во одговор на новинарско прашање.

Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет им тежи најмногу и оти со сите сили се вложени за да се сработи побрзо.

„Го формиравме тимот. Тимот е составен од четворица советници. Секој е специјалист во својата област. На пример, некој во јавни набавки повеќе, некој во делот за вработувањата. Имаме еден одличен истражувач, тој секако е вклучен. Не можам да кажам некои строги рокови заради тоа што и времето ни е малку расцепкано. Постојано сме вклучени во скрининзите. Ние се координираме и кога не сме физички присутни, нели технологијата дозволува. Тој предмет ни тежи најмногу од сите, така што сите сили се вложени за да биде што побрзо“, изјави Ивановска

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button