ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ивановска: Покрeнaти постапки против 710 функционери за непријавување на анкетен лист

Институциите кои избираат и именуваат функционери не го пополнуваат навреме регистарот за избрани и именувани лица, што и создава проблеми на Комисијата за спречување на корупцијата да води евиденција за функционерите кои не го доставуваат анкетниот лист со богатството и имотот со кој располагаат. Претседателката на оваа институција Билјана Ивановска на седницата за прашања на пратениците пред опозицијата одговараше за „тајните имоти“.

Advertisements

Ивановска вели дека немаат ни софтвер со кој можат да го следат статусот, богатството и имотот на функционерите.

Темата за имотите на функционерите ја отвори ВМРО-ДПМНЕ – парртијата започна со објавување на имиња на вкупно 123 функционери и нивни роднини од власта кои не доставиле имотни листови до Антикорупциска. Опозицијата не штедеше обвинувања против премиерот за прикривање на поврзаноста со компанијата што ја формирал претходно.

Премиерот Ковачевски вели дека целосно се повлекол од компанијата и ги негира обвинувањата на опозицијата.

Седницата за пратенички прашања започна со делење на копии од договорот Фронтекс, потпишан вчера со Европската комиисија. Од власта порачаа дека опозицијата треба да и се извини на јавноста што ја измамила бидејќи овој документ е доказ дека ЕУ го прифаќа македонскиот јазик чист и без фусноти. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од 1996 година Македонија потпишала документи со ЕУ на македонски јазик.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button