СПОРТ
Ивановски, победa и нов рекорд на полумаратонот во Дубровник

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски беше најбрз на полумаратонската трка која се одржа во Дубровник.
Ивановски победи на Дубровник полумаратон 2025 година. Притоа, македонскиот претставник запиша и најдобро време во историјата на патеката на оваа делница. Ова е продолжување на добрата форма за Ивановски во последно време.
Пред само неколку денови Дарио Ивановски постави национален рекорд на 10 километарската трка на националната арена „Тодор Проески“. Македонскиот атлетичар ја темпира формата и има високи амбиции за периодот кој следува./Gol.mk/