СПОРТ

Ивановски повторно со најдобриот ранкинг, Ѓорческа со пад од едно место

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го има најдобриот свој ранкинг. На денеска објавената АТП листа Ивановски се наоѓа на 305-то место со 176 поени или скок за три места. Во конкуренција на двојки Ивановски се наоѓа на 644-то место или има пад за шеснаесет позиции бидејќи има 75 поени (четири помалку од претходната недела).

Advertisements

Кај дамите кои се наоѓаат на ВТА листата имаат минимални промени. Во поединечна конкуренција Лина Ѓорческа се наоѓа на 187. место (пад за една позиција) со 399 поени, додека во конкуренција на двојки има пад за четири места и е рангирана на 318. место со 256 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button