ИВЗ се противи на вчерашната одлука на Уставен за медресата Иса бег

Исламската верска заедница, реагира до Уставниот суд во врска со отворањето на постапката за оценување на уставноста на одлуката на Владата, со која се даде зелено светло за основање на „Медраса Иса бег“ како редовно приватно училиште. Како верско училиште, медресантите не можат да го продолжат своето високо образование на државните универзитети. Иако во следната фаза, според процедурата, Уставниот суд треба да ја укине или поништи одлуката на техничката влада предводена од Талат Џафери, од ИВЗ, нагласуваат дека и понатаму се надеваат дека Уставниот суд ќе донесе фер одлука во корист на учениците.
„Со будност и двегодишни максимални обиди го акредитиравме, со иста будност и напор, ќе се осигураме да не се повреди правото на образование за учениците од Медресето, да им се гарантира еднаквоста и да се обезбедат услови тие да придонесат за земјата и општеството заедно со другите ученици од акредитираните училишта, бидејќи на крајот на краиштата, тие се и конструктивни ќерки и синови, и лојални граѓани на ова општество“, велат од ИВЗ.
Оттаму нагласуваат дека основањето на Медресата е направено согласно Законот за средно образование, во транспарентна постапка, поминувајќи ги сите филтри од страна на законодавецот, исто како што и другите физички и правни лица што основале и основаат образовни институции во земјата.
„План програмата на Медресето доби зелено светло од Бирото за образование, а наставно-стручниот кадар го помина филтерот на Државниот инспекторат за образование, од што произлезе третото мислење на Министерството за образование и наука и Одлуката на Владата на РСМ за акредитација на Медресето Иса бег“, велат од ИВЗ.
Од ИВЗ велат дека се зачудени од тоа како уставните судии си поставиле мисија да ја заштитат секуларноста, а тоа никаде не се споменува во Уставот.
Сепак, уставните судии се потпираат на амандманот 7 од Уставот, во кој јасно се наведува одвојувањето на религијата и државата. Ставот за отворање на постапката е целосно поддржан со став 2 од истиот амандман, во кој се вели дека верските заедници може да основаат училишта, но тие мора да бидат религиозни.
ИВЗ, се повикува во правото кое произлегува од ставот 6 на член 10 од Законот за средно образование, во кој се вели дека приватна гимназија може да основа правно лице и странско и домашно физичко лице врз основа на дозволата, во согласност со овој закон.
Сепак, уставните судии истакнуваат дека без оглед на правниот статус на ИВЗ, таа е верска заедница и како таква е забрането да основа училиште. Тие се потпираат на член 7 од Законот за средно образование, во кој се вели дека е забрането какво било верско организирање и дејствување во средните училишта.
Владата предводена од Џафери на 26 март минатата година преку соопштение до јавноста соопшти дека го решила проблемот со учениците на медресата Иса бег, кои не можеле да се пријават на државната матура, а потоа да се запишат и на државните универзитети. Со одлуката, медресата, која претходно функционирае како исламско верско училиште, беше пренаменета во приватна гимназија, која ќе го спроведува наставниот процес исто како и сите други училишта, според програмата на Бирото за развој на образованието. Укинувањето или поништувањето од страна на Уставниот суд ќе го врати назад процесот.
Суад Бајрами