ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ИВЗ стана газда на објектот на Албанскиот детски театар во Скопската чаршија

Исламската верска заедница ја презема сопственоста врз зградата на Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје. Образложението е дека објектот бил вакаф, односно верски посед на ИВЗ. Алсат има катастарски документ кој докажува дека веќе неколку дена овој објект и официјално се води како сопственост на ИВЗ. Тоа ни го потврдија и од верската заедница, односно од скопското муфтиство. Според нив, театарот нема потреба да го напушта објектот сè додека не најде нов простор.

Челниците на Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје велат дека не се известени за таква одлука. Директорката, Дијана Тоска, телефонски ни рече дека нема што да каже додека не добие официјално соопштение.

Ист став и од Министерството за култура. Заменик-министерот, Седат Сулејмани, ни рече дека ќе се распраша за случајот и ќе ја извести јавноста. Денеска не сме добиле дополнителен став од него.

Неофицијално се дознава дека на Театарот за деца и младинци ќе му биде понуден дел од Албанскиот народен театар во Скопје, но актерите се противат. Инаку, Владата со буџетот за годинава додели средства за реновирање на објектот во Чаршијата, поточно подрумот на детскиот театар и негово прилагодување во работни простории.

Адрија Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button