ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Избор на нов државен обвинител и уставен судија на дневен ред на собраниска седница

Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител и изборот на професорката Ана Павловска Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на денешната нова 140. седница на Собранието на Република Северна Македонија.

Advertisements

Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Коцевски е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во Републичкото обвинителство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button