ВЕСТИСВЕТ

Избори во Франција: Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг

Според неофицијалните резултати од вчерашниот прв круг на парламентарните избори во Франција, екстремно десничарската партија Национален собир е голем победник во првиот изборен круг со 33,5 отсто освоени гласови, што значи дека партијата би можела да обезбеди меѓу 240 и 270 пратениците во новото свикување на Народното собрание, се наведува во анализата на агенцијата Ифоп.

Таа партија, чиј лидер е Жордан Бардела, не би имала апсолутно парламентарно мнозинство, но би можела да освои најмалку 150 парламентарни места повеќе отколку по изборите во 2022 година, пренесува Фигаро.

Левичарската коалиција Нов Народен фронт со 28,5 отсто од гласовите ќе има меѓу 180 и 200 пратеници, пред политичката коалиција на Макрон која освои 22,1 отсто од гласовите и може да обезбеди меѓу 60 и 90 пратеници.

-Французите „дадоа апсолутна пресуда“ во првиот круг од француските парламентарни избори, изјави 28-годишиот  Бардела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button