ВЕСТИСВЕТ

Избори во САД: Бајден вечерва ќе се соочи со Трамп

Во 90 минутна дебата со републиканецот Доналд Трамп, американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе има можност да им покаже на скептичните Американци дека на 81-годишна возраст е способен да се справи со предизвиците на уште еден четиригодишен мандат.

И двајцата се под лупа поради возраста и издржливоста. Трамп има 78 години и за време на кампањата даваше необични изјави и изговараше чудни реченици.

Бајден има вкочането одење, прави вербални грешки и има осцилирачки јавни настапи, од солидно одржани говори до промрморени коментари во истиот ден.

Неодамнешната анкета на Ројтерс-Ипсос покажа дека менталниот капацитет е едно од клучните прашања за неопределените гласачи пред изборите на 5 ноември.

Друга анкета на Ројтерс-Ипсос оваа година покажа дека 78 отсто од испитаниците – вклучително и 71 отсто од демократите – мислат дека Бајден е премногу стар за функција, а 53% го кажале истото за Трамп.

Годините на Бајден се немилосрдна мета на политичките противници и конзервативните медиуми, кои искористија голем број вистински, но и лажни видео клипови за да го прикажат како нестабилен.

Свесен дека оваа дебата може да биде одлучувачки момент за неговата кампања, Бајден се подготвува речиси една недела со врвните советници во одморалиштето Кемп Дејвид во планините во западен Мериленд, каде што ќе остане додека не замине за Атланта на денот на соочувањето.

Дебатата ќе се одржи во студиото на CNN во Атланта без публика. На Бајден и Трамп не им е дозволено да носат однапред напишани белешки на сцената.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button