ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Избори за градоначалници на Штип и Пласница, денеска гласаат болните од корона

Штип и Пласница гласаат за градоначалник. Во Штип право на глас имаат вкупно 41.777 граѓани додека во Пласница 4.954. Луѓето заразени со коронавирус и оние кои се во изолација гласаа денеска. Државната изборна комисија соопшти дека во Штип имало регистрирани 12 вакви гласачи во Штип, а во Пласница немаше такви гласачи, па гласање воопшто и не се одржа. Изнемоштените и затворениците ќе гласаат утре. Во Штип се пријавени 67 затвореници, а во Пласница само еден.

Advertisements

Официјалниот ден на изборите е в недела и за разлика од парламентарните, на овие избори во двете општини нема да има продолжено време на гласање, односно гласачките кутии ќе бидат затворени во 19 часот.

До недела навечер, кога се затвораат гласачките кутии, земјата е во изборен молк. Експерти сметаат дека Изборниот законик треба да се измени за да се олесни опфатот на изборниот процес и другите политички и институционални активности. Поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, во телефонски разговор истакна дека изборниот молк за локалните избори треба да се укине со одредби на Изборниот законик бидејќи тоа е изборен процес на локално, што според него, не влијае на централно ниво и обратно.

Предвремените избори за градоначалници доаѓаат откако градоначалникот на Штип, Благој Бочварски од СДСМ, беше именуван за министер за транспорт, додека Исмаил Јахоски од Пласница, стана пратеник на ДУИ во Парламентот.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button