ВЕСТИРЕГИОН

Изборите во Бугарија се без јасен победник

Конзервативната партија на поранешниот премиер Бојко Борисов има многу мала предност пред либералната листа, предводена од поранешниот лидер на центристите Кирил Петков, пишува францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на синоќешните прогнози врз основа на делумни резултати. Според Евелина Славкова, аналитичар од Тренд, цитирана од изданието, ова е најлошото можно сценарио: „Колку се поблиску резултатите, толку потешко ќе биде да се формира стабилна влада“, пренесе БТА.

Advertisements

Младата проруска ултранационалистичка група Преродба го искористи овој геополитички контекст за да продолжи со својот подем: освои 13-14% од гласовите во споредба со 10% на претходните избори. „Преродба“ ги отфрла сите испораки на оружје за Киев и отворено ја брани идеологијата на Кремљ, истото го прават и социјалистите од БСП – наследници на поранешната комунистичка партија што некогаш владееше со земјата, кои собираат околу 9-10 отсто, забележува француското издание.

Од падот на Бојко Борисов по една деценија на власт, различните партии не успеаја да формираат трајна коалиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button