ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изборниот екстерен испит матурантите ќе го полагаат задутре

Матурантите в сабота ќе го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Како и во минатите години, најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени  114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија.

Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик (Македонски/Албански/Турски) и литература.

Најдоцна до 8 јули Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита. Дотогаш треба да има и одлука од комисиите на ДИЦ за поништување на тестови за првиот и за вториот екстерен испит доколку се утврдат прекршувања на правилата на самото полагање или ако се констатираат нерегуларности т.е. преписи при оценувањето на тестовите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button