ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изборот на школски директор, заплеткан во политичка пајажина

Советот на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце обвинува дека градоначалникот Нухи Незири не ја одобрува одлуката за избор на нов директор на училиштето, поради политички причини. Училишниот педагог Фадил Џафери вели дека единствениот кандидат кој се пријавил за директорската позиција, ги исполнил сите законски услови.

Advertisements

„Треба да се навикнеме еднаш засекогаш, без разлика дали е градоначалник или министер, законот важи и за нив и мора да се практикува така како што е“, рече Фадил Џафери Член на училишниот совет „Кирил Пејчиновиќ“ Теарце.

Но, градоначалникот на Теарце, вели дека законскиот рок за одобрување на одлуката сè уште не е поминат и ги отфрли тврдењата за мешање на политиката.

„Изборот на директор нема врска со политички позиции или политички договори, туку само го користиме законскиот рок предвиден во член 14 од Законот за образование. Напротив, инсистирам да се назначи квалификуван, професионален и одговорен директор“, изјави Нухи Незири, Градоначалник на Теарце.

Директорското место во училиштето остана празно по пензионирањето на досегашниот директор.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button