ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изборот на уставни судии деновиве на Комисијата за избори

Изборот на уставните судии деновиве ќе се најде на собраниската Комисија за избори и именувања, вели во телефонски разговор за Алсат претседателката на матичната собраниска комисија, Марија Георгиевска. Таа уверува дека досега не се одржувала седницата за избор на уставни судии поради други работни обврски на членовите во Комисијата.

Advertisements

„Седницата за избор на уставните деновиве ќе биде на дневен ред. Биографиите на предложените кандидати се доставени до пратениците. Секако дека роковите течат и мораме да бидеме брзи. Се надевам дека во најус можен рок ќе се изберат уставни судии. Очекувам конструктивност од страна на колегите“, рече Марија Георгиевска, претседателка на Комисија за избори и именувања.

Вчера шефицата на Уставниот суд, Добрила Кацарска алармираше дека на повидок е уставна криза ако до крајот на годинава не се изберат уставни судии, бидејќи во номеври истекува мандатот на уште еден судија и со тоа ќе бидат четворица и Уставен нема да може да функционира. Моментално недостигаат четворица уставни судии. Но, Собранието актуелно избира само тројца.

Има девет кандидати за уставни судии. Собраниското мнозиство ги предложи шефот на јавното обвинителство Љубомир Јовески, Татјана Васиќ и Фатмир Скендер. Додека опозицијата ги предложи кандидатите Саво Климовски, Родна Живковска, Бранко Секуловски, Тодор Витларов, Весна Јовановска и Војислав Димовски.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button