ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изборот на уставни судии на седница на Комисијата за избори и именувања

Изборот на уставните судии е на дневен ред на денешната собраниска Комисија за избори и именувања. Претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска претходно изјави дека продолжението на седницата на Комисијата за избор на судиите се одолговлекло поради обврски на членови на Комисијата. Таа посочи дека на претходната седница биле доставени девет предлози за уставни судии и тоа три од мнозинството и шест од опозицијата.
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во понеделникот одржа средба на шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери за блокадата на изборот на четирите уставни судии.