ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Избран претседателот на Судскиот совет

Со 10 гласа – за и 1 – против, Весна Дамева е избрана за прв човек на Судскиот совет.
„Предизвик за мене е во овој период, во којшто се спроведуваат реформите, да бидам на чело на институција која дефинитивно мора да се издигне на нивото што го заслужува во следниот период“, рече Дамева по изборот.
Инаку, Весна Дамева е член на Судскиот совет на предлог на претседателот Стево Пендаровски.
Нејзиниот избор доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.