ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Избраните функционери со повисока плата од 80%

Именуваните функционери ќе земаат повисока плата од речиси 80 отсто се додека не се најде соодветно решение. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе се размислува да се донесе ново законско решение со кое би можело да се намали висината на платите на функционерите. Нема како да ја корегираат сега висината на платите бидејќи одлуката на Уставниот суд е конечна и не може да се менува со одлука на Влада.

Advertisements

Во однос на покачувањето на платите на функционерите премиерот напомена дека и останатите плати за граѓаните се драстично зголемени. Инаку платата на премиерот, според грубите пресметки ќе изнесува над две илјади евра.

„Министерството за Труд и социјална политика во рамките на своите овластувања, има дадено негативно мислење на иницијативата за законот за плата и други надоместоци, за избрани и именувани лица, со што го потврдува ставот дека законското решение не треба да се менува“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button