СПОРТФУДБАЛ

Издаден е налог за апсење на бразилскиот фудбалер Даглас Коста

Судот во Рио Гранде издаде налог за апсење на бразилскиот фудбалер Даглас Коста, поради тоа што не плаќал алиментација на поранешната сопруга.

Advertisements

Одлуката ја донел фамилијарниот суд во Порто Алегре, а поранешниот крилен играч на Баерн и на Јувентус се соочува со казна затвор од една година, без оглед каде се наоѓа, и може да биде уапсен и во Лос Анџелес, каде што во моментов игра за Галакси.

Адвокатскиот тим на 32 годишниот фудбалер веќе подготвува жалба на оваа одлука. Претходното лето Коста од Јувентус замина во САД. Претходно играше и за Гремио и за Шахтјор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button