ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити: „ДУИ прво нека заврши 2 км од патот Скопје-Блаце“

Лидерите на опозицискиот фронт Биљал Касами и Изет Меџити иронизираа со помпезното излегување на првиот човек на ДУИ и приватната посета на министерот за инфраструктура на Косово поврзана со патот Тетово-Призрен. Изет Меџити од Демократското движење смета дека функционерите на ДУИ прво треба да ги завршат двата километра од патот Блаце – Скопје кои со години стојат во место, а дури потоа да се борат за заслуги за патот Тетово – Призрен што беше промовиран за време на посетата на Курти минатиот петок.

Advertisements

„Овој пат и онака ќе се направи, но не со ДУИ, којашто очекувано пробува да го присвои како партиски проект. Затоа, пред да се зборува за овој голем проект, функционерите на ДУИ треба да ги завршат двата километра од патот Блаце – Скопје кои не се завршени со години. Тие треба да ја завршат работата на тунелот од неколку десетина метри кој со месеци е вистинска ноќна мора за оние кои патуваа за Косово или обратно. Сепак, ќе треба да ги расчистат и корупциските скандали поврзани со Коридорот 8. ДУИ нема морално право да зборува за проектот Тетово – Призрен…“, рече Меџити.

За Биљал Касами, денешната посета на министерот за инфраструктура на Косово Либурн Алиу била по инсистирање на ДУИ.

„Не е точно дека е организирано по барање на премиерот на Косово, Албин Курти. Организирано е по инсистирање на функционерите на ДУИ за да се релативизира импозантната посета на премиерот на Косово на Тетово. Во ниту еден момент не работиме со инаети. Поканата на косовскиот премиер во ниту еден момент не беше услуга за некому, туку беше искрена и со благородна мисија. Повторувам дека Ахмети надвор од посетите на министерот треба да се заложи овој пат да стане реален и Тетово и Призрен што поскоро да се поврзат“, рече Касами.

Патот Тетово-Призрен, идеја на премиерот на Косово, доби поддршка од првата заедничка владина седница во времето на Зоран Заев. Досега е готова само физибилити студијата. Курти пак, ги повика властите во С Македонија што поскоро да започнат со изградбата. Патот, според него, се очекува да чини околу 200 милиони евра.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button