ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изет Меџити не даде рок кога може почнуваат уставните измени
Изет Меџити не даде рок кога може почнуваат уставните измени

За разлика од неговиот колега Арбен Таравари, кој веднаш по посетата на претседателот на Европската комисија на Скопје изјави дека уставните измени почнуваат од декември, првиот вицепремиер на Владата Изет Меџити не даде рок кога може да се случи такво нешто. Накратко рече дека има добра волја, додека за секој друг чекор јавноста ќе биде навремено информирана.
„Цениме дека работиме со нашите стратешки партнери, со партнерите на Владата, тоа е единствениот пат за граѓаните и државата. Секој ден, вообичаено ќе бидете известени за секој чекор што ќе го постигнеме во овој дел. Постои добра волја”, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.