ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити стартуваше ново политичко движење

Изет Меџити денеска ја промовираше почетната иницијатива за формирање на ново демократско движење. Во изјава за Алсат, Меџити вели дека овој чекор следува затоа што во ДУИ не сакале да слушаат поинакви мислења. Сите кои размислуваат поинаку партијата ги тргна настрана или ги разрешува од владините и партиските позиции. Освен тоа, Меџити нагласи дека кулминацијата се случила кога се одржале диригирани избори низ партиските ограноци на ДУИ. Меџити вели дека се дошло до заклучок дека сите можности да понатамошно давање на придонес во рамките на ДУИ се веќе исцрпени. На прашањето дали Муса Џафери и Блерим Беџети ќе бидат дел од Движењето, тој рече дека сами ќе одлучат за тоа. Другите опции се да останат како фракција или да се вратат во ДУИ.

Advertisements

„Денес ги поканив сите структури со кои го започнавме ова патување, да разговараме, да констатираме дека сме исклучени од ДУИ, да поднесеме оставка од сите позиции и оти повеќе не сме членови на ДУИ. Потоа со нив да го најдеме патот како ќе продолжиме натаму, секако ќе одиме кон формирање на ново демократско движење кое ќе го артикулира гласот на опозицијата, незадоволниот глас, незадоволниот гласач. Ја користам оваа можност да апелирам до сите независни интелектуалци, до сите оние кои се докажале во разни области во општеството, придонеле во општеството и до сите оние кои се во различни субјекти, а се незадоволни, дека во новото демократско движење вратата ќе им биде отворена“, рече Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button