ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити вели дека коридорот 8 е важен, а критиките на опозицијата ги нарече бескорисни

Изет Меџити вели дека коридорот 8 е важен, а критиките на опозицијата ги нарече бескорисни

Првиот вицепремиер Изет Меџити вели дека коридорот 8 е важен, а критиките на опозицијата ги нарече бескорисни, дури потенцира дека тоа ќе се докаже со интензивната работа на терен. Меџити вели дека има многу неправилности и индиции за корупција на патот Скопје-Блаце.

Advertisements

„Коридорот 8 е многу важен коридор за Република Северна Македонија. Има некои гласови од опозицијата затоа што веќе осум години се навикнати многу да зборуваат и да не прават ништо. Видовме дека направија само два километри кои не завршуваат никаде, зборувам за патот Скопје-Блаце, во тие два километри има многу неправилности, има многу индиции за корупција, за откуп на земјишта. Така, додека тие разговараат, ние работиме и ве известувам дека утре заедно со премиерот, министерот за транспорт, претставници од компанијата Бехтел-Енка ќе бидеме на терен на почетокот на интензивната работа на коридорот 8. Додека другите зборуваат, ние работиме”, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button