ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити за знамето со Голема Албанија: „Ниту јас, ниту Курти не го веевме тоа знаме“

Шефот на Демократското движење, Изет Меџити, кој му беше еден од домаќините на Албин Курти, денеска искоментира дека организаторите не може да сносат одговорност за знамињата со карти на Голема Албанија. Тој ги коментираше и реакциите за именувањето на улицата Адем Демачи, велејќи дека тој човек има европска вредност.

Advertisements

Гледам дека по секоја цена сакате да најдете нешто. Тоа беше митинг од 10.000 или 5.000 луѓе. Секој ден ни се случува по стадиони и Албанци и Македонци, гледам и карти на Голема Македонија… Институционално бевме во општина Тетово, каде пред зградата на општината имаше македонско знаме, албанското знаме и знамето на општината. Ако сакаме да проблематизираме за секој случај, тоа е друга работа. Ниту јас, ниту Курти лично не го веевме тоа знаме. Мислам дека заврши времето Албанците да се под притисок и да ги казнуваат. Дури и за Демачи тоа е вистинска глупост бидејќи има европска вредност, ја добил наградата Сахаров од Европскиот Парламент.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button