ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изет Зеќири, нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

Академикот Изет Зеќири е избран за нов ректор на државниот Универзитет „Мајка Тереза“.
Тој доаѓа на местото на Азиз Положани, кој беше на таа функција од самото формирање на институцијата.
Зеќири е доктор на економски науки, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, а две години беше декан на Факултетот за бизнис и економија.
Беше пратеник во Парламентот, а од 2015 година е член на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ./Alsat.mk