МАКЕДОНИЈА

Изгаснат пожар во станбен објект во Кичево

Утринава околу 7 и 20 часот на улица „11 Октомври“ во средиштето на Кичево, избувнал пожар во станбен објект. Опожарениот објект е сопственост на Н.Д. од Кичево.

Advertisements

– По интервенцијата на екипа на Територијалната протипожарна единица од Кичево пожарот е изгаснат, а причините за истиот и висината на направената штета допрва ќе се утврдуваат, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Димоски појасни и дека претходната ноќ за време на полицискиот час на подрачјето на ОВР Кичево, едно лице не ја почитувало забраната за движење во периодот од 22 часот до 5 часот изутрина, со цел спречување на коронавирусот. И ден порано, друго лице од Кичево не ја почитувало забраната за движење во време на полициски час

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button