ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари.

Advertisements

Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета.

– Постоеше опасност да бидат зафатени и другите објекти, но за среќа ние брзо дојдовме и го изгаснавме. Кровот е зафатен од Безистенот, можеше да се прошири, среќа пожарникарите стигнаа на време. Го изгаснавме и ги спасивме околните објекти, изјави Мазари.

Пожарот во Струшката пожарна бил пријавен околу 9 часот и 30 минути од граѓани, а интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила.

Во Безистенот во Струга има 315 дуќани во кои се сместени угостителски објекти, бутици и други бизниси, чии сопственици се загрижени поради настанатиот пожар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button