ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изгаснати сите пожари на отворено

Изгаснати сите пожари на отворено

Пожари на отворен простор вчера имало вкупно 20 и сите се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Изгаснати се пожарите во Општина Дојран и Општина Богданци, кај месноста „Стара Караула Допчели“ каде што горела ниска и мешана шума. Противпожарните екипи се на терен во месноста и се уште вршат контрола на евентуално можна појава.

Во Општина Струмица,  кај с.Просениково и с.Сарај горела сува трева, во Општина Гази Баба, 2, населба „Камник“ кон населба „Железара“ исто така била зафатена сува трева, како и на ул. „Зенден Џемаил“ кај Кванташки пазар.

Сува трева, ниска вегатација и стрништа гореле и во Општина Студеничани 2,  с.Количани и с.Моране, во Општина Сарај, с. Лубин и  во Општина Струга, 2, с.Татеши и с.Ложани горела, во Општина Прилеп кај с.Галичани, патот за Битола, фабриката „11 Октомври“ и над градинката „Гоце Делчев“, во Општина Битола 2,  Индустриски пат и помеѓу селата Беранци  и Српци, во Општина Штип, месноста Суитлак, во Општина Гостивар, с.Србиново, во Општина Желино, с.Церово и во Општина Долнени, селата Црнилиште и Долгаец. Во Општина Липково, над с.Никуштак била зафатена нискостеблеста шума.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button