ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изгласан буџетот за Град Скопје во висина од 114 милиони евра

Буџетот на Скопје ги „скара“ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Еден ден по одобрувањето на буџетот, владејачката партија ја обвини опозицијата дека продолжува да соработува со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Васко Кичевски од СДСМ вели дека додека нејзините советници биле воздржани околу буџетот, и дека буџетот бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Advertisements

Со остри обвинувања и од ВМРО-ДПМНЕ. Наум Стоилковски вели дека отфрлањето на амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и благодарноста на Арсовска до советниците на СДСМ и Левица ја докажала коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица.

Буџетот на Град Скопје за следната година ќе биде 114 милиони евра. Од градот велат дека буџетот е развоен, со социјални компоненти и мерки за домаќинствата.

„Благодарение на Советот на Град Скопје и конструктивниот пристап на сите советнички групи, граѓаните на Град Скопје за 2023 година имаат нешто повеќе од 7 милијарди денари за реализација на проекти што ќе значат заокружување на програмата „За модерно Скопје“, наведуваат од Град Скопје.

Советниците на власта и опозицијата во Град Скопје, ја обвинија градоначалничката Данела Арсовска дека првпат не ја почитувала практиката каде со Предлог- буџетот се предаваат и конкретни проекти кои се очекува да се реализираат.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button