Изгласани измените на Кривичниот законик по предлог на Левица
Изгласани измените на Кривичниот законик по предлог на Левица

Собранието со предлог на партијата Левица ја изгласа потребата од промена на Кривичниот законик. Димитар Апасиев предложи промена на застареноста на кривичните дела и тоа застареност на кривично гонење и застареност за извршување на казна затвор. Во членот 108 се додаваат и кривичните дела против државата и злоупотреба на службената должност. Апсолутната застареност од се предлага тројно да се зголеми.
Левица предлага двојно да се зголеми застареноста на кривично гонење.
За донесување на Кривичниот законик потребна е поддршка од 80 гласа во Собранието. Не се знае дали Левица има поддршка од 80 пратеници за усвојување на измените во овој системски закон. За потребата од измени гласаа сите партии кои беа присутни во салата. Во моментов во Собранието има две иницијативи за измена на Кривичниот законик, првата која се однесува – нападите врз новинарите да бидат третирани како напади врз службени лица и втората иницијатива на партијата Левица./Alsat.mk
Адриан Керими