ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изгласани измените на Законот за квалитетен воздух

Пратениците ги изгласаа измените на законот за квалитет на амбиентанлниот воздух. Со него се предвидува сите општини да мора да изготват планови за чист воздух. Исто така, општините ќе бидат обврзани да креираат краткрочни акциски планови во периодите кога има високо загаден воздух, кои ќе треба да бидат одобрени од Министерството за животна средина. Овие планови кои ќе ги понудат општините мора да содржат конкретни задолжителни мерки за транспортот, индустријата, ранливите групи, работното време… Ако самите општини не ги спроведат мерките, тогаш Владата ќе ги активира, и тоа не како препорака како што беше досега, туку како директна наредба.