ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изгоре локомотива на „Македонски железници“ на влезот на Велес

Локомотива на „Македонски железници“ се запали попладнево на отворена пруга пред влезот во железничката станица во градот Велес, објави порталот „Курир“. Според информациите, станува збор за електрична локомотива која изгорела целосно. Пожарот е изгаснат од страна на противпожарни екипи и за среќа во него нема повредени лица. Во моментот, се прави увид и проценки за оштетеност на пругата.
Засега нема официјални инфорамции за пожарот од страна на надлежните институции.