ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изгоре објект каде престојувале бездомници-нема повредени
Изгоре објект каде престојувале бездомници-нема повредени

Тетовските пожарникари над два часа попладнево гаснеа пожар во објект во близина на автобуската станица. Пожарот е пријавен во 14:00 часот, а бил локализиран и изгаснат после 16:00 часот.
– Интервениравме во голем објект налик на фабричка хала. За среќа нема повредени, а се плашевме од настрадани затоа што кога стигнавме таму ни кажаа дека бездомници кои питачат престојувале во објектот бидејќи халата била напуштена. Објектот е во близина на автобуската станица, каде има и други станбени и деловни простории, па се боревме огнот да не се пренесе во друг правец, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.
Тетовската територијална противпожарна единица интервенирала со десет пожарникари и четири возила.