ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изгореа пет проценти од територијата на Македонија

На територијата на Македонија активни се 12 пожари, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Advertisements

Од вкупно 49 во последните 24 часа, 7 се ставени под контрола, додека 30 се целосно изгаснати. Најтешка е состојбата во општина Македонски Брод каде во село Јасен-Белица гори борова шума, исто како и во општина Кочани и општина Македонска Каменица. Активни пожари има и во општина Кичево, Маврово, Новаци, Битола, Пласница и Пробиштип.

Во гаснењето на пожарите ќе се вклучи и Армијата, бидејќи по објавувањето на кризната состојба од страна на Владата, претседателката одлучи да ја ангажира армијата.

„Начинот и интензитетот како припадниците на Армијата ќе помагаат во гаснењето на пожарите ќе ги утврди Генералштабот на Армијата согласно барањата на Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот“, наведоа од Кабинетот на претседателката Давкова.

Од опозициската партија СДСМ ја обвинува власта дека не успеале да ја менаџираат состојбата со пожарите и дека изгореле пет проценти од териротијата на Македонија

Според македонската опозиција, одговорен премиер и министер во ваква ситуација секојдневно треба да се во кризниот штаб.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button