Изградбата на мостот „Љубљанска„ ги проби сте рокови
Изградбата на мостот „Љубљанска„ ги проби сите рокови

Шест милиони евра бил авансот за изградба на овој мост, пари обезбедени од програмата ТАВ. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа многу тогашни лидери и градоначалници на општини, кои изјавија дека изградбата на мостот ќе ги обедини луѓето. Но, овој мост сè уште не е завршен.
Мостот „Љубланска“ во општина Карпош се очекуваше да биде готов во рок од 18 месеци, но три години подоцна работите на овој мост се уште продолжуваат.
Пред три години беше најавено дека овој мост ќе има четири ленти за возила, патеки за пешаци и за велосипеди, А целта на изградбата на овој мост беше поврзување на улиците „Илинденска“ и „Скупи“, и општина Карпош со општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари. Ова го кажаа тогашниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.
Овој мост остана на хартија како и многу други проекти кај нас, започнати а не завршени. Граѓаните на него чекаат повеќе од три години .