ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изјава на Биљал Касами за лидерската средба
Изјава на Биљал Касами за лидерската средба

Претседателот на БЕСА, Биљал Касами, не се појави на лидерската средба. Според него, таа била организирана за премиерот да ја спаси ДУИ од одговорноста за неисполнетите изборни ветувања и откако не сите албански партии ја прифатија поканата на БЕСА за средба за тргање на одредницата „20% во Уставот.
“Ова не го сметаме како одмазда затоа што ние претходно свикавме средба на албанските партии. Сметаме дека поканата на премиерот веднаш по нашата покана може да претставува саботажа на средбата на албанските партии. Бараме при отворањето на Уставот еднаш засекогаш да се реши терминот „20%“. Споменав и во изјавата дека немаме дилеми во однос на евро-интегративниот процес на државата”, рече Биљал Касами, Претседател на БЕСА.